Право на секое дете во Македонија е да биде вакцинирано, должност на секој родител е редовно да го носи своето дете на вакцинација, а обврска на здравствените лица е редовно да ја извршуваат вакцинацијата кај децата.
Во поново време одреден број родители почнаа да ја одбиваат активната имунизација за нивните деца, поради што на одредени места повторно се појавија епидемии кои беа оддамна искорениети.
Во Македонија вакцинацијата е задолжителна и доколку родителот/старателот одбие неговото дете да ги прими сите потребни вакцини, следува глоба од 300 до 650 евра во денерска противвредност.
Бидејќи е задолжително, при упис во градинките и училиштата надлежните бараат потврда каде е наведено дека детето ги има примено сите вакцини, но според неименувани извори, родителите успеваат да добијат таков документ од здравствените работници и покрај тоа што нивното дете не е вакцинирано.
Македонското Министерство за здравство апелира да се консултираат исклучиво вистинити, стручни и официјални лица околу вакцинацијата, да се информираат и едуцираат родителите, да се охрабрат и убедат во квалитетот и безбедноста на вакцините и да го вакцинираат своето дете.
Вакцините во Република Македонија се испитуваат од страна на Фармацевтскиот Факултет и Институтот за јавно здравје. Последните години вакцините кои најмногу се увезуваат во нашата држава се од француската компанија „Пастер“, „Глаксо“ од Белгија и „Булбио“ од Бугариjа.
Министерството за здравство на Македонија го застапува ставот дека, во светски рамки нема докажано за никаква поврзаност меѓу вакцините и појавата на аутизмот кај децата.
Според податоците од Институтот за јавно здравје на Македонија, во текот на 2015 година, во Македонија се регистрирани 48 поствакцинални реакции по имунизацијата. Во 32 (66,7 отсто) случаи се работи за вакцинација со Ди-Те-Пер вакцина или нејзина комбинација со други вакцини.
Од Институтот наведоа дека, во текот на 2015 се воведени поливалентните вакцини, така што кај 11 деца (23 отсто) од појавените реакции се однесуваат на пријави за реакции по апликација на поливалентни вакцини.
Во текот на 2016 и 2017 година се евидентирани по 11 поствакцинални реакции по имунизација за секоја од годините, со тоа што реакциите по апликација на поливалентните вакцини се регистрирани во осум и седум случаи, соодветно.
Во однос на МРП вакцинацијата, во периодот 2016 – 2017 година се регистрирани вкупно три поствакцинални реакции, од кои една во 2016, а две во 2017 година.
При вакцинацијата, најважно е детето да е во добра здравствена состојба, поради што лекарите кои се задолжени за имунизација спроведуваат испитување со цел да проверат дали детето е во можност во моментот да ја прими потребната вакцина.
Вакцинацијата во Македонија е бесплатна, вакцинирањето и ревакцинирањето се врши согласно календарот за вакцинација.
Според лекарите невакцинираните деца го загрозуваат „имунитетот на стадото“, а најмногу им наштетуваат на имунокомпримитираните лица.
Со вакцинација детето се заштитува од повеќе опасни детски болести. Вакцинацијата го зајакнува имунитетот на детето и истото станува отпорно на најтешките детски заразни болести.
извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст