Народна банка на Република Македонија во извештајот за третиот квартал од 2017 година ја потврди катастрофалната ситуација во македонската економија.
Имено, во Q3/2017, НБРМ регистрира одлив на странски директни инвестиции, што укажува дека не само што нема нови странски директни инвестиции туку дека и постојните добивката ја изнесуваат надвор од Република Македонија.
Така, во Q3/2017 се забележува одлив од преку 50 милиони евра. Странските инвеститори се загрижени за своите средства и единствен спас гледаат во напуштањето на Република Македонија.
Од почетокот на годината заклучно со Q3/2017, се остварени нето приливи врз основа на директни инвестиции во износ од 50,6 милиони евра, што е помалку за 73,5% во однос на истиот период од минатата година.
Согласно извештајот јасно е дека Република Македонија ќе ја оствари најлошата година од осамостојувањето до денес од аспект на привлекување на странски директни инвестиции.
Ваквите движења придонеле девизните резерви да се намалат за цели 100 милиони евра во Q3/2017 или вкупно 230 милиони евра за 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.