| четврток, 6 декември 2018 |

Се бореа на различни страни, но Караџиќ и Праљак беа како браќа и пред војната и во Хаг

Првиот претседател на Република Српска, хашкиот затвореник Радован Караџиќ, не може да се соземе по веста за смртта на хрватскиот генерал Слободан Праљак, дознава Ало.

Според Братот на Радован Караџиќ, Лука, за Ало изјавил дека Праљак и Караџиќ со години биле пријатели и смртта на Праљак многу го погодила Радован.

Многу е тажен и потресен. Не може да поверува дека сето тоа се случило. Истата вечер се слушнавме, звучеше потиштено. Многу му е жал за Слободан, особено што требаше да излезе за неколку дена од Хаг. Вели се самоубил поради пресудата, односно заради неправдата. Не навлегувам во тоа дали е или не е виновен, не ни зман за што го обвинуваат, ниту што се случувало, но сигурно знам дека ќе беше ослободен да му се судеше за нешто што им направил на Србите, вели Лука за Ало.

Караџиќ и Праљак биле добри пријатели и пред војната.

Радован често го спомнуваше. Кога ме запозна со него, го претстави како чесен и добар човек. Двпати го сретнав во Хаг, се гледаше колку се блиски. Беа блиски и пред војната. Секогаш кога одеше за Загреб на семинари и на книжевни вечери, Радован спиеше кај него. Исто така, кога Слободан доаѓаше во Сараево, тој и неговата сопруга му беа гости на Радован. Значи, беа добри пријатели, како браќа. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top