| четврток, 6 декември 2018 |

Шок фотки и сведочења од Хаг: По труењето Трибуналот се парализира, амбасадорката ја фати хистерија

Еуген Јаковчич од Документи присустввуал на исрекувањето на пресудата на Слободан Праљак, На Фејсбук објавил фотографии од хаосот што настанал во Хашкиот суд откако се отру Праљак.

Јаковчич пишува дека во судот владеел хаос, се било парализирано, а хрватската амбасадорка хистерирала.

„Се обидувам да ги средам впечатоците од вчерашниот ден, но не ми оди. Се уште ми е пред очите она што се случи, испивањето отров во моментот кога Агиус ја исрече правосилната пресуда од 20 години за Слободан Праљак. На колешката која седеше до мене во судницата ѝ реков кажи дека сонувам.“
Наосот во трибуналот е неверојатен за ваква институција. Службите биле парализирани, им било потребно повеќе од еден час да го префрлат ПРаљак во болницата оддалечена од судот само 10 минути.

Хрватската амбасадорка во холандија хистерирала во холот барајќи од портпаролот на судот итно да ја одведе до претседателот на Трибуналот. Очигледно немала сознанија дека претседателот Агиус воедно претседаваше со Жалбениот совет во предметот Прлиќ и др. и дека во моментите на труење на еден од осудениците има поважни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top