| четврток, 6 декември 2018 |

Српската премиерка и нејзината девојка работат на бебе

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ и нејзината партнерка Милица Ѓуриќ сакаат да станат мајки, ексклузивно дознава Курир.рс од извори блиски на двојката.
Премиерката и докторката се во врска 8 години и сериозно размислуваат на дете. Со оглед на тоа што во Србија се уште не се признаени истополовите бракови и нема банка на сперма, се распрашувале како можат со вонтелесно оплодување да станат мајки. Посетиле клиника во Холандија за да се информираат за можностите, а во остварувањето на желбата имаат сесрдна поддршка од семејството.


Ана и Милица, вели изворот, се свесни за пречките кои можат да им се најдат на патот, имајќи предвид дека геј популацијата е табу тема во Србија.
Неодамна Брнабиќ официјално побарала да се пресели во премиерската вила на Дедиње. Како прв човек на Владата таа има право со семејството да живее во една од државните луксузни вили додека ја извршува државничката функција. Во јавноста се шпекулира дека премиерката се сели од безбедносни причини. Од друга страна пак се коментира дека Брнабиќ, која веќе има стан од 328 квадратни метри на Дедиње, во близина на Белиот дворец, сака да се подрашири на 1000 квадратни метри државна површина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top