Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 25. седница накоја единствена точка на дневниот ред ќе биде симнување на имунитетот на шесте пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ поради притвор за настаните на 27 април во Парламентот. За симнување на имунитетот потребно е просто мнозинство, односно 61 глас.
Со ова ќе заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на пратеничкиот имунитет на Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.
Собранието дури и да им го симне имунитетот на пратениците, според македонската легислатива и Уставот, ќе останат на пратеничката функција се додека евентуалната пресуда на Кривичниот суд не стане правосилна и ако пратеникот е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.
Талат Џафери ја закажа седницата откако Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања со поединечно гласање одлучи да им го симне имунитетот на пратениците. На седницата не присуствуваа народните избраници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците за чиј имунитет се расправаше, а се членови на Комисијата – Мукоски и Тарчуловски.
Единствен кој се обрати на седницата беше пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ, кој кусо оцени дека настаните од 27 април биле напад врз демократијата и уставниот поредок на земјата и обид за загрозување на животот на пратениците од тогашната опозиција. Институциите на Република Македонија, според него, имаат целосен кредибилитет, должност и одговорност до крај да го расчистат овој случај за правдата конечно да излезе на виделина и кривичните дела од ваков карактер никогаш да не се повторат. Ситуацијата, додаде тој, е многу чиста, фактите се очигледни, аргументите се поголеми од сите нас.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се огласи со соопштение во кое наведува дека одлуката на Комисијата за деловничко и мандатно и имунитетни прашања не е базирана на факти и аргументи, туку на желбата за политички реваншизам на СДСМ и кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, но и кон многу граѓани.
Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, според нив, го премолче и го аминуваше прекршувањето на Уставот и Деловникот за работа на Собранието.
Шесте пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст