Обвинетите за случувањата во Собранието на 27 април кои добија домашен притвор вечерва повторно ги апсат. Според податоци до кои дојде Република, дел од оние шестмина кои добија домашен притвор, полиција вечерва со лисици на раце ги изнела од нивните домови и ги носи во притвор во Шутка.
Извори за Република велат дека М.П. од Кавадарци кој доби домашен притвор пред околу еден час е собран од страна на полициски службеници поради, како што велат, уважена жалбата на ОЈО со која се барал притвор. Истото се случува и со жената од Куманово, Е.Д.Б. која исто така доби домашен притвор.
Жалбите се на барање на обвинителката Вилма Русјаковска, а судот ги уважил жалбите на обвинителството.
Според непотврдени информации приведени се и останатите обвинети кои добија домашен притвор. Во куќен притвор беа С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј.
Република побара одговор од МВР, дали вечерва се приведени лицата кои добија домашен притвор. Оттаму без конкретен одговор.
-Ќе провериме и ќе ви кажеме – велат од МВР. Истиот одговор го добивме и денеска за друго прашање, а одговорот се уште го чекаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст