| четврток, 6 декември 2018 |

Поради притворот за Тарчуловски се откажува собир на Македонците од Европа

Откажана е Комитската вечер која на втори декември требаше да се одржи во Италија, поради притворот кој судот му го одреди на Јохан Тарчуловски кој требаше да биде главен гостин на настанот, дознава Република од свои извори.

Овој настан го организира Задрганичниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Алба, Италија. На овој настан било најавено присуство од неколку стотици македонци од Италија но и од уште неколку земји. Тарчуловски бил поканет да биде гостин на настанот уште на 11 октомври, но поради тоа што обвинителството ја донесе скандалозната одлука и човекот кој лежеше затвор за Македонија во Хаг го прогласи за терорист, настанот ќе биде откажан.

Провладините медииуми почнаа да фаќаат сеир затоа што поради ова, нашинците од Италија останале без гостин. На ова одговори Задрганичниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Алба, Италија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top