| четврток, 6 декември 2018 |

Сакаат да го скршат духот на Македонецот и да не дефокусираат од штетните антидржавни политики

Тука сме да им порачаме на антимакедонската партија СДС, дека знаеме оти сето она што го прават последниве денови не се базира на докази и аргументи, туку на лажни обвинувања кон нашата партија и нашите пратеници, кон нашите членови и кон сите оние кои не мислат исто како нив, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашниот протест пред Кривичниот суд.

-Ова е преседан, ова никогаш не се случило. Знаеме дека апсат луѓе врз основа на искажани ставови. Се ситат на апсењето на нашите патриоти. Знаеме и зошто го прават тоа. Сакаат да го скршат духот на Македонецот и да не дефокусираат од штетните антидржавни политики кои ги прават, рече Нацев и додаде:

„Не можат да го скршат ВМРО, ВМРО е врежано во срцето на сите патриоти и затоа сме тука да им порачаме: Нема да ви помине овој обид да ја изманипулирате македонската јавност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top