Двоен аршин или селективна правда, едни терористи, други ниту насилници само учесници во толпа, кои поминаа со условни казни, иако тепаа полицајци, палеа и демолираа низ Скопје.
Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие, ваква правна кавлификација виде обвинителството за протестите што се случија во мај 2015 година, пред Владата. За уништување државен имот, и повредени 38 специјалци и полициски позорникари, обвинетите беа казнети само условно иако признаа дека дивееле пред владата и низ улиците на Скопје. Обвинителството на 11 обвинети на товар им стави кривично дело по член 384 став 1 од Кривичниот закон.
Судот пак одреди условни и една затворска казна за обвинетите.
СВР Скопје, во јуни лани поднесе кривични пријави и за демолирањето на народната канцеларија на претседателот на државата како и на уништување на повеќе објекти низ Скопје. Обвиненијата се дека лицата учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело
За овие случаи се уште нема судска разрешница.

Извор: Алфа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


