
Владеењето на правото заринка во калта во затворот во Шутка. За поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, не постои презумција на невиност, ниту правичност. Не беше доволно незаконското фотографирање од распитот пред судија на претходна постапка во кривичниот суд, па денеска беше објавена фотографија од екс министерот на полицијата во истражниот затвор Скопје додека е на издржување на мерката притвор што пред два дена му ја одреди судија на претходна постапка од скопска единица.
Срамната фотографија, најверојатно е направена од стражарската кула која гледа во дворот на Шутка. Според наши неофицијални информации единицата за поддршка на полицијата е ангажирана да го чува поранешниот шеф на МВР. Но кој бил фотографот, дали стражар од затворот или пак припадник на ПЕП, кој го набљудувал Чавков во Шутка? Фотографијата на социјалната мрежа ФБ, беше објавена на групата Јавен ред и мир, од извесен припадник на единицата, чие име пак се совпаѓа со името на поранешен командир во една од скопските полициски станици.
Телевизија Алфа побарала одговор од Управата за извршување санкции, односно од директорот Јовица Стојановиќ, но успеале да стапат во контакт само со неговата секретарка која пак кажа дека директорот бил на состанок и нема информации кога ќе се врати. На фиксниот телефон во затворот Скопје не одговарал никој.
Чавков беше уапсен во вторникот утрото, оттогаш не престана јавниот линч против него. Го фотографираа додека чекаше во скопскиот кривичен суд да биде распрашан пред судија, иако станува збор за тајна постапка, сепак фотосесијата наиде на восклик кај дел од политичарите.
-Фотографијата беше објавена на социјалните мрежи, а имињата на осмничените во медиумите, наведе меѓу другото пратеникот Павле Богоевски.
Кривичен уште истиот ден по барање на Алфа информираше дека фотографијата не е од камерите во судницата, а чинот го нарекоа несовесен. По барање на Алфа, денеска се огласило и јавното обвинителство, од каде информирале дека е отворен случај и за фотографијата во судница и за денешната од Шутка. Доколку се утврди дека сликарот во судница е службено лице, обвинителство ќе го гони по службена должност, а во спротивно Чавков да си тужи сам, одговориле за Алфа од Обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


