Малата Валерија Зафировска од Штип денеска беше оперирана во болницата во Турција. По завршувањето на операцијата, нејзиниот татко на социјалните мрежи напиша:
„ Народе, да сте живи и здрави. Бог ги слушна вашите и наши молитви. Слава Боже! Валерија е ОК, будна без никакви компликации. Бог да ве благослови сите! Бог е голем! Да сте живи и здрави сите што бевте со нас во најтешките моменти! Бог да му даде среќа на професор доктор Мемет Озек“.
Родителите претходно објавија фотографии од девојчето на кои се гледа дека е подготвена да влезе во операционата сала.
Малата Валерија ја дигна на нозе целата јавност кога нејзините родители упатија апел за донации за операција на тумор на мозокот на седумгодишната штипјанка. Јавноста, за кратко време помогна да се соберат неопходните средства и Валерија за неполн месец да замине на операција.
Извор: 365 мама
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст