Во вторникот утрото полицијата посетила уште две адреси: домот во Скопје на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, и домот во гостиварско на пратеникот Весел Mемеди од Национална демократска преродба, која беше дел од коалицијата „Алијанса за Албанците“, објави Дојче Веле.
Дојче Веле открива дека бо тоа постапување и на двајцата им биле одземени мобилните телефони. Од истрагата засега не соопштуваат детали, но се претпоставува дека нивните телефони содржат информации за одредени комуникации во критичниот ден, кои би можеле да помогнат во расветлувањето на одредени активности на 27-ми април. Засега не е јасно дали сомнежот е поврзан за нивна меѓусебна комункикација или за нивна комуникација со други лица.
Република се обиде да добие официјална потврда од МВР за случајот, но од полицијата засега ниту го негираат ниту го потврдуваат случајот.
Дали одземените телефони ќе го дадат одговорот на овие прашања ќе покаже истрагата. Денеска на повик на телефонскиот број на пратеникот Весел Мемеди се вклучува услугата за примање гласовни пораки, а кај Вељаноски јавува дека „корисникот го исклучил мобилниот телефон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст