Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на никаков начин не би се потсмевал со чинот на Хашкиот затвореник Слободан Праљак, кој вчера изврши самоубиство во судницата на Хашкиот трибунал и дека двојните стандарди на ЕУ се она што тој го гледа како проблем.
– Не би се потсмевал на тој чин ни на кој било начин и не би го нарекол кукавички, но би имал нешто да им порачам на луѓето во Европската унија за нивните двојни стандарди и зборови искажани за Србија и Хрватска во врска со последните пресуди”, рече Вучиќ.
Тој додаде дека за тоа ќе говори денеска на состанокот со преставниците на земји од ЕУ.
– Ќе се обидам да им укажам на што е изложена Србија и како се прават слепи и глуви, а понекогаш и глупави, кога некои други се во прашање, истакна Вучиќ.
Осврнувајќи се на реакциите од регионот на последните пресуди на водачите на Херцег-Босна, Вучиќ рече дека останатите не гледаат со исти очи и со иста рамка, како што ние тоа го гледаме.
– Државното раководство на Србија акцентот го стави на иднината, не бегајќи од минатото и тешките прашања, не бегајќи од искажувањето почит кон жртвите, напротив, тоа беа нашите клучни реченици. Но, според реакциите од регионот, гледате дека никој иднината не ја спомна, изјави Вучиќ.
Тој изрази жалење што некои вчера се занимава со Србија и Србите.
– Се надеваме дека луѓето ќе разберат дека ние мораме да живееме заедно и да гледаме во иднината, а дали ќе знаеме како и дали ќе успееме е друга работа”, рече Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст