| четврток, 6 декември 2018 |

Места во светот на кои е строго забранет пристапот за туристи (видео)

Без разлика на тоа колку пари планирате да потрошите на патувања, овие места не можете да ги посетите и подобро е ниту да не се обидувате.

1. Островот Груинард

Причина за забраната за патувања: Тестирање на биолошки оружја

Британската влада во 1942 година го купила овој шкотски остров за тестирање на биолошки оружја, а посебно антракс. Поради експеримент, антракс го загадил целиот остров и предизвикал смрт на 95 отсто од тамошната популација. До осумдесеттите години од минатиот век овој остров се сметаше за најсмртоносното место на Земјата, а од 1986 година се започна со негово чистење. Иако во 1990 година беше прогласен за безбеден, на Груинард повеќе никој не сака да доаѓа.

2. Островот Суртсеј

Причина за забранетите патувања: Научни експерименти

Во водите околу Исланд во 1963 година еруптирал подводен вулкан и за многу кратко време се создал нов остров со површина од 2 километри квадратни. Веднаш го привлекол вниманието на бројни научници од различни земји ширум светот, кои сакале да го истражат настанокот на новиот остров. Од тогаш е забранет за јавноста, а дозвола за посета имаат само научници.

3. Островот на змиите (Ilha da Queimada Grande)

Причина за забранетите патувања: Отровни змии

Овој остров зафаќа површина од 0.43 километри квадратни. Иако на прв поглед изгледа идилично, во него се кријат околу 4.000 змии. Најотровната од нив е златна змија (bothrops insularis), чиј отров е пет пати посилен од отровот на останатите отровници. Кога каса, речиси веднаш настапува смрт. Токму поради тоа бразилските власти забраниле посета на овој остров на змии.

4. Островот Северен Сентинел

Причина за забранетите патувања: Опасни жители

Северен Сентинел се простира на 72 километри квадрати на Бенгалскиот залив. Тој е еден од Андаманските острови, а во него живее примитивно население кое е во изолација од остатокот од светот во последните 60.000 години. Активно ја бранат својата територија од било какви странци. На пример, во 2014 година, со стрели нападнале хеликоптер на индиската влада кој сакал да и понуди хуманитарна помош после цунами, а убиле и неколку рибари кои и се приближиле. Индиската влада го забранила пристапот до овој остров.

5. Големото светилиште Исе

Причина за забранетите патувања: Дом на религиско злато

Големото светилиште Исе се наоѓа во Јапонија и е посветено на божицата на сонцето Аматерасу. Во него се наоѓа светилиштето на Иса Јингуа кое е наводно дом на Светото огледало, едно од најсветите места на религијата Шинтоизам. Заградено е со голема висока ограда, а во него смеат да влегуваат само свештеници и припадници на царски семејства, за останатите пристапот е строго забранет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top