На 5. место на листата е Бил Казмир од САД, кој е висок 190 см и тежи 145 килограми.
Казмир е првиот човек што има освоено 3 титули во натпреварите за најсилен човек на светот, и тоа во 1980, 1981, 1982 година. Го сметаат за основоположник на овој спорт во светот.
На 4. место е Зидрунас Завицкас – Големиот З. Тој е висок 190 см и тежи 168 килограми.
Литванецот има освоено прво место во 2009 и во 2010 година, а бил вицешампион во 2002, 2003, 2004 и во 2011 година. Тој има поставено многу светски рекорди од кои поважни се: мртво дигање (506 килограми) и мртво дигање со 10 повторувања (322 кг).
Третото место му припаѓа на Џон Пол Сигмарсон – Викинг. Тој е висок исто колку претходните двајца на листата, а тежи 133 килограми.
Викингот е познат по својата тврдоглавост и двапати ја има подарено титулата на друг натпреварувач поради тоа што сметал дека нема конкуренција. Тој починал во својата теретана на тренинг во 1993 година.
На 2. место е Магнус Вер Магнусон, со висина од 193 см висина и тежина од 145 килограми.
За овој натпреварувач нема што да се каже повеќе, можете сѐ да видите од видеото.
;
На првото шампионско место е Мариус Пуџановски-Доминатор од Полска. Тој е висок 185 см и тежи 140 кг.
Доминаторот е рекордер по освоените титули во натпреварите за најсилен човек во светот, тој дури 5 пати по ред го освојувал првото место (2002, 2003, 2004, 2007, 2008 година). Заради начинот на кој тој ги освоил титулите го добил и својот прекар Доминатор, тој ги оставал сите конкуренти далеку зад себе како да се 2 категории на пониски натпреварувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Дознај ја твојата идеална тежина според возраста, висината и полот: Професионална табела за мажи и жени
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот