| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец уапсен во Албанија

Момче од Тетово е уапсено на граничниот премин Тушемиште, на албанско-македонската граница, кај Свети Наум.

На преминот, при влез во Албанија, контролата утврдила дека автомобилот што го управувал е украден во италијанскиот град Равена.

– На преминот Тушемиште уапсен 27-годишниот В.М. жител на Тетово, Република Македонија, при влез во Република Албанија. Управуваше возило „мини купер“, кое при контрлата произлезе дека е украдедно на 7 октомври 2017 година во Равена, Италија, стои во соопштение на Дирекцијата во чија надлежност е преминот.

Против В.М. поднесена е крвична пријава врз основа на член 141 од крвичниот законик и ќе одговара за „шверц со моторни возило“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top