| четврток, 6 декември 2018 |

Најбогатите луѓе во Европа (мапа)

Основачот на „Amazon“ Џеф Безос е најбогатиот човек на светот во моментов. Веднаш зад него на листата на „Forbes“ е Бил Гејтс, основачот на „Microsoft“.

Според Индексот на милијардери, на третото место е Ворен Бафет, на четврто Амансио Ортега, а петорката најбогати луѓе на светот ја заокружува Марк Закерберг, основачот на Facebook.

Според податоците на „Forbes“, најбогатите луѓе по континенти се: Џеф Безос (Северна Америка), бразилскиот инвеститор Хорхе Леман (Јужна Америка), Амансио Ортега, сопственикот на „Zara“ (Европа), индискиот бизнисмен Мукеш Амбани (Азија), нигерискиот милијардер Алико Данготе (Африка) и единствената жена во оваа група, рударскиот магнат Џина Рајнхарт (Австралија).

Кога се во прашање поединечни земји во Европа, најбогат човек во Белгија е Алберт Фрере (5,4 милијарди долари), во Португалија е Александре Соарес дос Сантос (2,9 милијарди долари), во Грузија е Биџин Иванишвили (4,5 милијарди долари), во Холандија е Шарлин де Карвалјо-Хајнекен (15 милијарди долари), а во Лихтенштајн Кристоф Зелер (2,7 милијарди долари).

Најбогата Италијанка е Марија Франка Фисоло, чие богатство се проценува на дури 30,2 милијарди долари, а на врвот на чешката листа е Петер Келнер со богатство од 14,2 милијари долари. Најбогат Романец е Јон Циријак со 1,3 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top