Според новиот четиригодишен извештај на најмоќниот светски воен сојуз, можноста за избивање на војна е сѐ поголема, а Русија и Кина се најголемите предизвици.
НАТО Алијансата објави извештај во кој што е наведено што ќе претставува „предизвик“ во следните години, а како главни предизвици се наведени – сѐ поголемата воена моќ на Кина и се поактивната Русија во најразлични сфери.
Понатаму, наведено е дека постои конкретна можност од избивање на нова трка во вооружување, нешто во стилот од „Студената војна“.
Станува збор за извештај на НАТО кој што се изготвува еднаш на секои четири години – фокусот е ставен на одредени глобални трендови кои што ќе влијаат на НАТО Алијансата во периодот до 2035-та година.
Во големиот извештај на НАТО Алијансата се анализираат многу области, од вештачката интелигенција чиј што развој е прилично забрзан, климатските промени, па се до забрзаниот генерален развој на воената технологија во многу земји ширум светот.
Според извештајот на НАТО, денес за разлика од времето на претходнаа студија изготвена во 2013-та година, далеку е поголема можноста од избивање на меѓудржавни војни ширум светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст