Лекарската интервенција по труењето на Слободан Праљак не била доволно брза, без разлика за кој отров станува збор. Брзината е клуч за спасувањето на животот, посебно ако не се знае за кој отров се работи, вели токсикологот Фраљо Плавшиќ, пренесуваат загрепските медиуми.
Минало премногу време откако Праљак го испил отровот до одењето во болница, па за интервенција било предоцна, наведува “Jutarnji List”.
И на најсилниот отров му е потребно некое време да влезе во крвта и да стане смртоносен, а за тоа време лекарите можат да помогнат.
Како што пренесуваа медиумите претходно, генералот го испил отровот во 11:30 часот, а Итната помош наводно пристигнала еден час подоцна, и дури тогаш го пренела во болница.
Доколку бил пренесен во болница во рок од 15 до 30 минути, можеби оваа приказна ќе имала поразличен крај. Иако и натаму не се знае за кој отров станува збор, освен дека бил многу силен, постои сомнеж дека станува збор за цијанид или арсеник.
Од друга страна, специјалистот за токсиколошка хемија и судска медицина, Бисека Риха, не сакала да шпекулира што точно испил генералот.
-Огромна е палетата од средства кои можел да ги испие. Веројатно не испил цијанид, односно сериозен крвен отров кој од крвта се шири во другите органи, вели таа и објаснува дека во тој случај смртта би настапила веднаш.
Таа додала дека сериозно труење на организмот, па дури и смртен резултат, можат да предизвикаат и најобични средства за чистење. Важно е само, објаснува, да се на база на киселина.
Слободан Праљак, пензиониран генерал на хрватската војска, испи отров по изрекувањето на пресудата во Хашкиот Трибунал, кој го осуди на 20 години затвор.
“Слободан Праљак не е воен злосторник! Со презир ја отфрлам вашата пресуда”, извика Праљак неколку секунди пред да ја испие супстанцата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст