| четврток, 6 декември 2018 |

Министерка пронашла уред за прислушување во нејзиниот дом

Романската министерка за внатрешни работи Кармен Дан соопшти дека во својот дом открила прислушен уред, објави весникот „Адеварул“.

Обвинителството отворило истрага да утврди кој ја прислушкува министерката за внатрешни работи.

Уредот бил скриен во приклучокот за телефон и бил поврзан на електричното напојување на станот, а имал и батерија да може да функционира доколку дотокот на струја се прекине.

Според весникот, се работи за евтин уред што може да се купи за 50-ина евра во специјализирани продавници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top