| четврток, 6 декември 2018 |

Американската економија вртоглаво расте и покрај природните непогоди

Американската економија, според најновите податоци, забележа солиден раст од 3,3 отсто во третото тримесечје и покрај ударот ураганите кон крајот на август и почетокот на септември во Тексас, Луизијана и Флорида.

Бидејќи растот во второто тримесечје беше 3,1 отсто, новите податоци најверојатно му даваат за право на американскиот претседател Доналд Трамп да зборува дека економското закрепнување е реално од неговото доаѓање во Белата куќа.

Владата на Трамп, која својата економска политика ја заснова врз намалување на данокот, особено за големите компании и широките мерки за дерегулација, оценува дека растот на американската економија би можел трајно да биде над три отсто.

„Економијата е во целосна експанзија“, напиша американскиот претседател на Твитер и додаде дека растот би бил 3,9 отсто доколку не се случеле ураганите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top