| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ повикува на протест пред Судот, затворање на три крстосници

Хунтата на власт управувана од СДС спроведува класичен партиски реваншизам и брутален политички притисок. СДС го злоупотребува судството за креирање на неосновани обвиненија за наводен тероризам против искрени патриоти, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите институции се ставени под партиската чизма, а во функција на реваншизмот кој се спроведува. Институциите наместо да го спроведуваат законот, ги спроведуваат партиските наредби. Партиското судство врши нарачан удар врз сите слободномислечки Македонци, кои и кажаа не на Тиранската платформа. Законите се деградирани, а правната држава не постои.

Контролираното судство од СДС одобрува нарачани притвори за луѓе без основни елементи на кривичното дело кое им се става на товар, а повторува предмети како „Монструм“, каде беа убиени 5 момчиња, а се најавува меѓународна истрага за терористите од „Диво Насеље“ кои убија 8 припадници на македонската полиција.
Власта става во затвор, уметници, актери, режисери и луѓе кои целиот свој работен век го посветиле на одбрана на државата, додека во исто време изготвува закон за амнестија на над 1.000 затвореници, извршители на тешки кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира и да ги блокира крстосниците низ град Скопје се додека трае овој атак врз Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:

– Крстосницата кај Мавровка;
– Крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top