Ова е календарот на неработни денови за 2018, согласно Законот за празници во РМ.
За сите граѓани на Република Македонија, неработни денови се:
– 1 јануари (понеделник), Нова Гoдина
– 7 јануари (недела), Божиќ, со што 8 јануари (понеделник) нема да се работи
– 9 април (понеделник), втор ден Велигден
– 1 мај (вторник), Ден на трудот
– 24 мај (четврток), Ден на сесловенските просветители
– 15 јуни (петок), прв ден на Рамазан Бајрам
– 2 август (четврток), Ден на Републиката
– 8 септември (сабота), Ден на независноста
– 11 октомври (четврток), Ден на народното востание
– 23 октомври (вторник), Ден на македонската револуционерна борба
– 8 декември (сабота), Св. Климент Охридски
Неработни денови за граѓаните од православна вероисповед:
– 6 јануари (сабота), Бадник
– 19 јануари (петок), Богојавление
– 6 април (петок), Велики петок
– 25 мај (петок), Духовден
– 28 август (вторник), Голема Богородица
Неработни денови за граѓаните од католичка вероисповед:
– 2 април (понеделник), втор ден Велигден
– 1 ноември (четврток), Денот на сите светци
– 25 декември (вторник), Божиќ
Неработни денови за граѓаните од муслиманска вероисповед:
– 21 август (вторник), Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:
– 22 ноември (четврток), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:
– 27 јануари (сабота), „Свети Сава“
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ:
– 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:
– 23 мај (среда), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:
– 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
– 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:
– 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.