Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираше на вест објавен на Република, на кој е нагласено дека е текст кој има за цел да се сврти вниманието на одредени појави во општеството, односно се работи за сатиричен текст. Но и покрај тоа Советот за Етика си даде за право на реагира, како што посочуваат, на „вчерашното измислено интервју со поранешниот претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски во онлајн медиумот Република (republika.mk), оценувајќи го како обид за дезинформирање и манипулирање со јавноста“.
Црвенковски за „Република“: Јас не сум за оваа Македонија на Заев и Спасовски
„И покрај тоа што редакцијата користи сличен формат на објавување информации како и некои меѓународно познати сатирични изданија, сепак се занемарува веројатноста дека таквите содржини многу лесно би можело да бидат прифатени како вистинити, а особено доколку се поврзани или се однесуваат на политиката или актуелни случувања“, велат од Советот.
Од таму додаваат дека редакцијата на Република, на крајот од интервјуто, наведува дека тоа е дел од рубриката „Двоглед“ и образложува дека „секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна“. Сепак, велат од Советот, не е нагласено експлицитно и доволно јасно дека содржината не кореспондира со реалноста.
„Веројатноста за дезинформирање на граѓаните е уште поголема доколку читателот се задржи само на насловот и накратко помине преку содржината. Во ера кога ширењето лажни вести е вистински проблем, објавувањето содржини oд ваков вид дополнително може да ги поттикне таквите тенденции. Несоодветното и неодговорното користење сатирични содржини може да се разбере и како промовирање дезинформации од идеолошки причини, правејќи инсинуации што се штетни за општеството. Освен тоа, ваквите содржини лесно и брзо се шират на социјалните мрежи и Интернет и може да привлечат големо внимание од страна на граѓаните“, посочуваат од таму.
Одговорното новинарство, додаваат, подразбира дека известувањето, без оглед на жанрот што се користи, секогаш мора да биде во служба на вистината и етичките стандарди.
И СДСМ во една прилика испрати соопштение преку кое реагираше на текст од рубриката Двоглед.
Двоглед е рубрика во која преку измислени ситуации и вести, односно невистинити написи („кромид“), се свртува вниманието кон одредена реална појава во општеството на сатиричен начин. Тоа јасно е нагласено под секој текст од рубриката Двоглед.
Но, не му јасно на СДСМ, ниту на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Или им одговара да не им биде јасно.
„Република“ упатува прашања до Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ):
Дали реагиравте на објавените сатирични текстови во Фокус? Еве не барајте, ќе ви помогнеме:
Наслов: Шекеринска има клуч од Владата и навечер тајно дели тендери на братучетки
Наслов: Кире Наумов стои зад сите протести во светот
Наслов: И Рајан Гослинг се претставувал како Илија Димовски
Реагираше ли Советот на овие измислени тектови и измислени изјави дадени за Фокус?! Дали тоа што текстовите се ставени во рубриката Коза Ностра е само по себе експлицитно нагласено и е доволно јасно дека содржината не кореспондира со реалноста?!
Текстот кој Советот го осуди е во соодветна рубрика „Двоглед“. Покрај избраната рубрика под самиот текст е нагласено дека се работи за рубрика во која преку измислени ситуации и вести, односно невистинити написи („кромид“), се свртува вниманието кон одредена реална појава во општеството на сатиричен начин. Епа, почитувани, не ви е доволно јасно или не сакате да ви е јасно?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст