Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот во сингл на фјучрсот што се игра во Анталија за награден фонд од 15.000 долари.
Таа денеска во меч од првото коло загуби од првата носителка Ајла Аксу од Турција со 20 во сетови (6:0 и 6:4 во гемови).
Стоилковска на турнирот ќе настапува и во конкуренција на двојки. Таа заедно со хрватската тенисерка Ена Кајевиќ утре во мечот од првото коло ќе играат против Русинките Аделина Барави и Александра Миронов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.