| четврток, 6 декември 2018 |

Протест пред Министерството за правда за притворите на Дурловски, Јовановски, Чавков…

Во тек е протестот ВМРО ДПМНЕ пред Министерството за правда во знак на поддршка на притворените учесници во насилствата во Собранието од 27.април. Полициски кордон е поставен пред Министерството каде во моментов има насобрано демонстранти.

Прв на говорницата се качи Антонијо Милошоски кој апелираше до Обвинителството и Министерството за правда дека тие треба да размислат и да не прават поделби помеѓу луѓето бидејќи според него неоправдано се приведени пратениците и недолжните граѓани.

Тој рече дека ова се прави со цел да се сврти вниманието од други задачи кои власта требало да ги спроведе.

„Владо Јовановски сега е Ристо Шишков. Единственото лошо што го направил е што ја пеел химната. Како е Игор Дурловски терорист? Според оваа марионетска власт тој е терорист само затоа што си ја сака својата земја” – рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top