| четврток, 6 декември 2018 |

Захра Лари е првата жена која лизгаше на мраз со хиџаб

Дваесетидвегодишната лизгачка на мраз Захра Лари е првата жена која на меѓународен натпевар носеше хиџаб. Инспирација за овој спорт добила од цртаниот филм на Волт Дизни, „Студената принцеза“.

Таа е и прва жена која им помогна на Обединетите Арапски Емирати да станат прва арапски држава која стана членка на Меѓународната федерација за уметничко лизгање и покрај тоа што нема снег и мраз во Персискиот залив.

Захра уметничко лизгање тренирала 10 години на едно вештачко лизгалиште во Абу Даби на кое ја водел татко и. Но, проблем било што таа е девојка која носи марама на главата, а во одредени настапи требала да се натпреварува заедно со мажи, што не е прифатливо во конзервативната заедница во која таа живеела.

– Татко ми сметаше дека овој спорт е спротивен на нашата традиција и уверувања, посебно затоа што сум девојка, а овие натпреварувачки се многу оскудно облечени – изјави таа.

Но, нејзиниот татко набрзо попуштил пред желбите на својата ќерка, откако сфатил колку многу таа го сакала овој спорт.

– Сега татко ми е моја најголема поддршка – вели Захира.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top