На протестите на „За заедничка Македонија“ народот се сплоти веејќи македонски знамиња и пеејќи македонски песни. Цели два месеци, секој ден, протестите беа мирни. Се повикуваше на љубов кон Македонија.
„Срцата ни чукаат во еден ритам за една и единствена Македонија“. Вака е насловено видеото кое беше објавено на нивната Фејсбук група, каде добиваа постојано огромна поддршка. Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ беше ословувана како „Четврти Илинден“. Протести имаше во сите градови ширум Македонија.
Лицата кои денес судовите по наредба на Заев се товарат за тероризам, повикуваа на љубов и сплотеност на граѓаните. Ним, според делото, им се заканува казна затвор од минимум 10 години до доживотен затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија