Стево Пендаровски е именуван за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, информира денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Одлуката за назначување на пратеникот на СДСМ и поранешен претседателски кандидат, Пендаровски за национален координатор на НАТО е донесена на вчерашната владина седница.
Пендаровски ќе ја преземе функцијата откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник. До тогаш останува пратеник во Собранието, каде е и заменик-член на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.
Македонија имаше национален координатор за НАТО во периодот од 2006 до 2009 година кога на таа функција беше именуван министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Функцијата остана испразнета и беше во мирување по неуспехот на Македонија да добие покана за членство на самитот во Букурешт во 2008.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст