| четврток, 6 декември 2018 |

В петок почнува вториот Скопски вински салон-Винодонија 2017

Во петок во хотелот „Мериот“ ќе се одржи вториот Скопски вински фестивал-Винодонија. Фестивалот го организираат група вински консултанти, судии и ентузијасти, под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија.

На денешната средба со новинарите, организаторите соопштија дека  на фестивалот ќе учествуваат повеќе од 40 македонски винарии, како и винарии од Балканот, но и од Италија, Франција итн.

-На 1 декември вратите на „Мериот“ ќе бидат отворени за посетителите од 16 до 20 часот и на 2 декември (сабота) од 13 до 20 часот. Еднодневната влезница за Скопскиот вински салон чини 490 денари и може да се купи на самиот влез или он0лајн, информираа организаторите.

Предвидено е одржување на бројни рабоптилници и предавања, дегустации и спарувања на вино и храна.

-Посетителите ќе можат да дегустираат со чашите на Ридел на едукативната работилница со Стефано Канело, потпретседател на продажба на Ридел за Југоисточна Европа; спарување на специјалитети од Дубровник со македонски вина, која ќе ја води Џино Премзиќ, еден од најреномираните светски готвачи и сопственик на ресторанот „Коноба код Марка“ заедно со Слободан Чокревски, претседател на Слоу фуд Маседониа (Slow food Macedonia); споредба на црногорски и македонски вина „Вранец“ со Данијела Радеч, претседател на Здружението на сомелиери на Црна Гора заедно со Звонко Херцег, вински експерт; хрватски пенливи вина од дното на Јадранот и вина од амфора со Иво Козарчанин, вински новинар; дегустација водена од Галина Тодорова Нифору, претседател на бугарското здружение за извоз на вино (BWEA); предавања за тајните на македонските вина „Pinot Noir“ и „Темјаника“ кои ќе ги одржат Климе Белески, Звонко Херцег и Ивана Симјановска, соопштуваат од Винодонија.

Цената на влезниците за дегустациите, работилниците и предавањата чинат од 800 до 1.800 денари и може да се купат он-лајн на веб-страната на манифестацијата: www.vinodonia.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top