| четврток, 6 декември 2018 |

Семејна пензија ќе добиваат и лицата со попреченост

Во изминатиот период покажавме дека само со дискусија и со насочување на финансиските средства кон лицата со попреченост и нивните потреби можеме да направиме итни промени, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред почетокот на меѓународната конференција „Механизми и структури за имплементација и за следење на имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост – искуства од регионот“ во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија.

Таа посочи дека во Законот за социјална заштита веќе регулирале одредените работи, а во собраниска процедура веќе е Законот за пензиско и инвалидско осигурување каде дозволуваат семејна пензија кај лица со попреченост кои некогаш имале активен работен однос, затоа што досега немаа право на семејната пензија.

– Знаеме дека здравствената состојба не се подобрува, се влошува и затоа тие треба да имаат право да ја наследат семејната пензија. Навистина е важно дека како ресорно Министерство во делот на социјална заштита, пензии…ќе правиме максимум што можеме, но тука сме да дискутираме и дека во секое линиско Министерство ни е потребен човек одговорен што ќе ги имплементира и здравствените, инфраструктурните, образовните политики за да го добиеме пакетот на услуги и сервиси кои се потребни за оваа група граѓани, рече Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top