Две непознати лица вчера околу 17 часот извршиле разбојништво над И.Д.(44), при што од џебот од јакната му одзеле 120.000 денари. Имено, додека И.Д се движел, забележал дека бил следен, а кога пристигнал пред својата куќа, едно лице од зад грб му ставило рака на устата, а со другата го фатил за врат, додека друго лице почнало да му пребарува по џебовите. Во моментот кога му ги одзеле парите, од дворот излегла неговата сопруга, која почнала да вика, по што лицата избегале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Полициска службеничка била физички нападната од Г.Ј. (33) вчера околу 14 часот во Кочани, улица „ВМРО“ на местото викано „Триаголник“, додека извршувала безбедносни обврски. Тој прво почнал да ја омаловажува, а потоа ја турнал, од што таа се здобила со телесна повреда. Лицето е приведено во Полициска станица Кочани и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)