Горна Слатинска Пештера е една од најубавите и најопасни пештери во Македонија, а за неа се заинтересира и „Нешнл џеографик викенд“ (National Geographic Weekend) на Бојд Матсон.
Матсон поставил видео од авантурата и на својот канал на „Јутјуб“.
– Имав добри штитници за колена бидејќи морав да се пикам и да се потпирам на нив при преминувањето на острите сталактити во пештерата. Имаше многу клаустрофобични моменти внатре, а насекаде имаше остатоци од измет од лилјаци, кои имаа колонија во пештерата – опишува Метсон.
Пештерата Горна Слатинска се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, на ридот Баба, во близина на селото Слатино во Западна Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.