Металург синоќа го совлада Татран Прешов со 31:30 и ја прекина серијата на порази. Металурзите водеа во текот на сите 60 минути и заслужено ги освоија бодовите.
Конечната победа е минимална, иако македонскиот претставник на полувреме имаше пет голови предност (18:13), а во средината на вториот дел и високи +11 (26:15).
Кога се чинеше дека Металург лесно и убедливо ќе го совлада второпласираниот тим во СЕХА-лигата, почна вистинска драма. За само 13 минути Татран успеа да ја намали разликата за десет гола и да се најде на само чекор од сензација. Сепак, на крајот немаше целосен резултатски пресврт.
Јагањац со 9 голови беше најефикасен во домашниот тим, Буторац се истакна кај Татран со 11 погодоци.
По осум одиграни натпревари Металург со 9 бода е на 7. Место. Татран е втор со 15. Лидер е Вардар со максимални 24 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст