| четврток, 6 декември 2018 |

Ал Ка­е­да и без ду­хов­ни­от во­дач оста­ну­ва нај­го­ле­ма те­ро­ри­стич­ка за­ка­на во све­тот

Смрт­та на Оса­ма бин Ла­ден бе­ше при­мар­на цел на Ва­шин­гтон. Со не­го­ва­та ег­зе­ку­ци­ја тре­ба­ше да се за­о­кру­жи од­маз­да­та за на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври. Бе­ла­та ку­ќа сме­та­ше де­ка со не­го­ва­та ели­ми­на­ци­ја ќе се ста­ви крај и на при­каз­на­та за Ал Ка­е­да, но, очиг­лед­но, овој пат пред­ви­де­но­то сце­на­рио не се ос­тва­ри. Две го­ди­ни по исто­ри­ски­от 1 мај 2011 го­ди­на, те­ро­ри­стич­ка­та ор­га­ни­за­ци­ја сѐ уште му пр­ко­си на За­па­дот во Авга­ни­стан, Ирак, Ма­ли, Је­мен, во не­кои де­ло­ви на Па­ки­стан, но и во Ли­би­ја, Ни­ге­ри­ја, Со­ма­ли­ја… Актив­ни се и во Си­ри­ја, но та­му се „ор­та­ци“ со за­пад­ни­те си­ли, кои ја под­др­жу­ва­ат опо­зи­ци­ја­та про­тив си­ли­те на Ба­раш ал Асад. Свои ќе­лии и след­бе­ни­ци има­ат и во Се­вер­на Аме­ри­ка, но и во Евро­па, па и на Бал­ка­нот, а во исто вре­ме со­ра­бо­ту­ва­ат со де­се­ти­ци ис­ла­ми­стич­ки ор­га­ни­за­ции низ све­тот со кои има­ат за­ед­нич­ка цел – да ѝ се на­не­се кол­ку што е мож­но по­го­лем удар на Аме­ри­ка и неј­зи­ни­те за­пад­ни со­јуз­ни­ци. Но, глав­но­то пра­ша­ње е да­ли Ал Ка­е­да де­нес прет­ста­ву­ва зна­чај­на за­ка­на ка­ко во ера­та на Буш и на Блер?

gal-kaeda

Струч­ња­ци­те ве­лат де­ка неј­зи­на­та моќ не е на­ма­ле­на, иа­ко неј­зи­на­та стру­кту­ра е про­ме­не­та и, ре­ал­но, на­ма­ле­на.

– Ал Ка­е­да е на­ма­ле­на во го­ле­ми­на­та, но не и во неј­зи­но­то вли­ја­ние. Сѐ уште има вли­ја­ние врз гру­пи­те со исто­мис­ле­ни­ци од Афри­ка до Бли­ски­от Исток и Ази­ја. Де­нес, ме­сто ед­на Ал Ка­е­да пред­во­де­на од Оса­ма бин Ла­ден, има 30 гру­пи, кои ја сле­дат иде­о­ло­ги­ја­та и ме­то­до­ло­ги­ја­та на Ал Ка­е­да – ве­ли Ро­хан Гу­на­рат­на, шеф на Ме­ѓу­на­род­ни­от цен­тар за истра­жу­ва­ње по­ли­тич­ко на­силс­тво и те­ро­ри­зам.

Стру­кту­ра­та на ор­га­ни­за­ци­ја­та е про­ме­не­та. По­де­ле­на е на по­ве­ќе гру­пи и си­те тие, на не­кој на­чин, се ме­ѓу­себ­но по­вр­за­ни. Се­пак, тие опе­ри­ра­ат пре­теж­но врз ло­кал­ни це­ли, за раз­ли­ка од пер­и­о­дот по 11 сеп­тем­ври, ко­га ор­га­ни­за­ци­ја­та бе­ше цвр­ста, со единс­тве­но водс­тво, кое ор­га­ни­зи­ра­ше на­па­ди низ це­ли­от свет.

Ал Ка­е­да ве­ќе из­вес­но вре­ме е во фа­за на по­дел­ба. Пот­тик за ва­ков ма­не­вар беа аме­ри­кан­ски­те и со­јуз­нич­ки­те на­па­ди во Авга­ни­стан и пре­фр­ла­ње­то на ја­дро­то на Ал Ка­е­да од ре­ги­о­нот во со­се­ден Па­ки­стан и по­ши­ро­ко. Но, по смрт­та на Бин Ла­ден, про­це­сот на по­дел­ба про­дол­жи уште по­за­бр­за­но.

Де­нес иде­о­ло­ги­ја­та и ре­то­ри­ка­та на Ал Ка­е­да е усво­е­на од по­ве­ќе ис­ла­ми­стич­ки ор­га­ни­за­ции низ све­тот, кои ја ко­ри­стат за сопс­тве­ни ре­ги­о­нал­ни це­ли.

По­сто­ја­ни­те са­мо­у­бис­тве­ни бом­ба­шки на­па­ди, убис­тва, кид­на­пи­ра­ња, ка­ко и тој од ми­на­та­та не­де­ла во Бо­стон, по­ка­жу­ва­ат де­ка Ал Ка­е­да, мо­же­би, не е спо­соб­на да ги по­вто­ри на­па­ди­те од  11 сеп­тем­ври и Ма­дрид, но, во се­кој слу­чај, е се­ри­оз­на за­ка­на за без­бед­но­ста низ све­тот не са­мо со нив­ни ак­ции ту­ку и пре­ку след­бе­ни­ци­те на неј­зи­на­та иде­о­ло­ги­ја.

Што откри­ва­ат пис­ма­та на Бин Ла­ден?

Скри­ен во не­го­во­то за­сол­ни­ште, кри­еј­ќи се од све­тот, Оса­ма бин Ла­ден пос­лед­ни­те ме­се­ци од сво­јот жи­вот ги по­ми­нал во кро­е­ње стра­те­гии, стра­ву­вај­ќи за сво­е­то нас­ледс­тво, но и не­за­до­во­лен од тоа што мно­гу „бра­ќа“ се оту­ѓу­ва­ат од ор­га­ни­за­ци­ја­та по­ра­ди на­па­ди­те на Ал Ка­е­да во мус­ли­ман­ски­те зем­ји. Нас­про­ти тоа, Бин Ла­ден аги­ти­рал за спе­кта­ку­лар­ни ак­ции, вклу­чу­вај­ќи и атен­тат врз пре­тсе­да­те­лот на САД, Ба­рак Оба­ма.

bin laden

Ко­га Бин Ла­ден де­нес би бил жив, тој не би бил за­до­во­лен од на­чи­нот на кој функ­ци­о­ни­ра ор­га­ни­за­ци­ја­та и од по­ста­ве­но­ста на Ал Ка­е­да за­тоа што тој ин­си­сти­рал ор­га­ни­за­ци­ја­та да функ­ци­о­ни­ра со хи­е­рар­хи­ски по­дре­де­на упра­ву­вач­ка стру­кту­ра во сти­лот на при­ват­на ком­па­ни­ја, а од пот­чи­не­ти­те ба­рал да оста­нат во рам­ки­те на нив­на­та уло­га.

Не­го­ви­те пос­лед­ни мис­ли и фру­стра­ции ги за­пи­шу­вал во пис­ма, кои беа зап­ле­не­ти во не­го­во­то тај­но пре­сто­ју­ва­ли­ште во па­ки­стан­ски­от град Або­та­бад за вре­ме на ак­ци­ја­та за не­го­ва ег­зе­ку­ци­ја. До се­га се об­ја­ве­ни 17 не­го­ви пис­ма на­пи­ша­ни на 175 стра­ни­ци со арап­ско пис­мо, кои да­ти­ра­ат од сеп­тем­ври 2006 го­ди­на до април 2011 го­ди­на.

Ана­ли­ти­ча­ри­те од цен­та­рот за бор­ба про­тив те­ро­риз­мот на Во­е­на­та ака­де­ми­ја „Вест по­инт“, кои ги ана­ли­зи­ра­ле об­ја­ве­ни­те до­ку­мен­ти, оце­ну­ва­ат де­ка Ла­ден по­сто­ја­но се бо­рел за ли­дер­ска­та по­зи­ци­ја. Тие сме­та­ат де­ка ду­хов­ни­от во­дач во пос­лед­но вре­ме ду­ри бил и мар­ги­на­ли­зи­ран.

– Бин Ла­ден не бил ин­фор­ми­ран за опе­ра­тив­ни­те дејс­тва на ре­ги­о­нал­ни­те џи­ха­ди­стич­ки гру­пи. Тој бил не­за­до­во­лен и не ги одо­бру­вал. Тој се гри­жел за нив­на­та нес­по­соб­ност – ве­ли Не­ли Ла­худ, еден од ана­ли­ти­ча­ри­те, кои го изра­бо­ти­ле из­ве­шта­јот.

Тој бил дла­бо­ко за­гри­жен за ими­џот на Ал Ка­е­да, па та­ка во ед­но од пис­ма­та го подв­ле­кол пла­нот за про­ме­на на име­то на ор­га­ни­за­ци­ја­та. Во пис­мо­то се ве­ли де­ка фор­мал­но­то име на гру­па­та „Ал Ка­е­да ал Џи­хад“ би­ло скра­те­но со тек на вре­ме са­мо на „Ал Ка­е­да“, кое на арап­ски зна­чи „Ба­за­та“ со што ја за­гу­би­ло не­го­ва­та ре­ли­ги­оз­на ко­но­та­ци­ја. Прв­пат ова име поч­на­ло да се ко­ри­сти во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век, ко­га му­џа­хе­ди­ни­те се бо­ре­ле про­тив Со­ве­ти­те во Авга­ни­стан. Ка­ко не­го­ва за­ме­на, во пис­мо­то се пред­ла­га­ат ими­ња со ис­ла­ми­стич­ки те­ми ка­ко „Гру­па за џи­хад“, „Мус­ли­ман­ско единс­тво“, „Ис­ла­ми­стич­ка на­ци­о­нал­на гру­па за обе­ди­ну­ва­ње“ или „Ал Акса ос­ло­бо­ди­тел­на гру­па“.

– Пла­ни­рам да об­ја­вам со­оп­ште­ние де­ка поч­ну­ва­ме но­ва фа­за за да ги ко­ри­ги­ра­ме гре­шки­те што ги на­пра­вив­ме. Со тоа ќе ја вра­ти­ме Бож­ја­та вол­ја и до­вер­ба­та кај мно­гу­ми­на од тие што ја за­гу­би­ле до­вер­ба­та во под­др­жу­ва­чи­те на џи­хад – пи­шу­ва тој во пер­и­о­дот ме­ѓу ју­ли и октом­ври 2010 го­ди­на во пис­мо што му го ис­пра­тил на свој бли­зок со­ра­бот­ник.

Оса­ма бин Ла­ден ба­рал да пре­ста­нат на­па­ди­те врз мус­ли­ман­ски­те зем­ји и ак­ци­и­те да се на­со­чат врз САД. Во спро­тив­но, ка­ко што ве­ли, „се­то тоа ќе нѐ од­не­се во не­кол­ку до­би­е­ни би­тки, до­де­ка на кра­јот ќе ја за­гу­би­ме вој­на­та“.

Ал Ка­е­да по Бин Ла­ден во но­ва фор­ма

По смрт­та на ду­хов­ни­от во­дач, ли­дерс­тво­то во ор­га­ни­за­ци­ја­та го пре­зе­де не­го­ва­та дес­на ра­ка, Ај­ман ал За­ва­хи­ри, чо­ве­кот што се сме­та де­ка е мо­зо­кот на на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври. Не­кои ана­ли­ти­ча­ри сме­та­ат де­ка ќе би­де не­воз­мож­но не­кој да го за­ме­ни Бин Ла­ден во не­го­ва­та ли­дер­ска рол­ја, но не­ос­по­рен факт е де­ка тој одре­де­но вре­ме пред да би­де уби­ен ја за­гу­бил глав­на­та уло­га во до­не­су­ва­ње­то од­лу­ки за но­ви­те опе­ра­ции. Во не­го­ви­те пис­ма, исто та­ка, се откри­ва де­ка имал за­тег­на­ти од­но­си со но­ва­та ге­не­ра­ци­ја за ми­ли­тант­ни ор­га­ни­за­ции што твр­де­ле де­ка се след­бе­ни­ци на Ал Ка­е­да, но не се­ко­гаш ги по­чи­ту­ва­ле на­ред­би­те на по­ста­ри­те во ко­манд­ни­от син­џир на ор­га­ни­за­ци­ја­та. Тој пи­шу­ва и за во­о­ру­же­ни прес­ме­тки ме­ѓу ло­кал­ни­те след­бе­ни­ци и во­да­чи­те на Ал Ка­е­да, кои ја де­ле­ле ви­зи­ја­та за гло­ба­лен џи­хад про­тив За­па­дот. Нив­на­та единс­тве­на за­ед­нич­ка без­ус­лов­на цел би­ла соз­да­ва­ње ка­ли­фат, од­нос­но ед­на др­жа­ва за си­те мус­ли­ма­ни.

bin-laden-supporters

Не­кои ана­ли­ти­ча­ри гле­да­ат не­из­бе­жен пад на вли­ја­ни­е­то на цен­трал­на­та ко­ман­да на Ал Ка­е­да врз неј­зи­ни­те след­бе­ни­ци, а во исто вре­ме по­раст на не­за­вис­но­ста на по­ма­ли­те ис­ла­ми­стич­ки ор­га­ни­за­ции, кои по­ве­ќе се на­со­че­ни кон ор­га­ни­зи­ра­ње и из­ве­ду­ва­ње бун­то­ви на ло­кал­но ни­во (ка­ко на при­мер во Си­ри­ја и во Је­мен) откол­ку кон гло­бал­ни­от џи­хад. Дру­ги, пак, пре­ду­пре­ду­ва­ат де­ка ре­ги­о­нал­ни­те гру­пи оста­ну­ва­ат вер­ни и цвр­сто по­вр­за­ни со ко­манд­ни­от син­џир на те­ро­ри­стич­ка­та ор­га­ни­за­ци­ја пред­во­де­на од За­ва­хи­ри и не­го­ви­те по­мош­ни­ци, кои ин­тер­ве­ни­ра­ат во нив­ни­те од­лу­ки са­мо ако уви­дат де­ка ќе­ли­и­те за­стра­ну­ва­ат од цен­трал­на­та стра­те­ги­ја. Кој и да е во пра­во од овие ана­ли­ти­ча­ри, факт е де­ка Ал Ка­е­да и неј­зи­ни­те при­вр­за­ни­ци на Бли­ски­от Исток оста­ну­ва­ат го­ле­ма без­бед­нос­на за­ка­на за та­мош­ни­те вла­сти. Учес­тво­то на Ал Ка­е­да во бор­ба­та про­тив ре­жи­мот на Ба­шар ал Асад во Си­ри­ја, и тоа на иста стра­на со опо­зи­ци­ја­та под­др­жа­на од За­па­дот, са­мо по­ка­жу­ва де­ка ор­га­ни­за­ци­ја­та има спо­соб­ност да ги иско­ри­сти си­те по­ли­тич­ки пре­ви­ра­ња за да се по­ја­ви во но­ви фор­ми.

(Текстот е објавен во 34. број на Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top