По цел ден поминат во Кривичниот суд во Скопје, пратеникот Крсто Мукоски си замина без да даде изјава за медиумите.
Крсто Мукоски беше приведен утрово, по налог на Основното јавно обвинителство во врска со настаните од 27 април во Собранието.
Според членот 64 од Уставот на Република Македонија пратеник не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.
Пратеник може да биде приведен, за притвор и одземање на имунитетот решава Собранието
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека не се испочитувани пропишаните процедури при денешното апсење на пратениците осомничени за насилствата на 27 април, со оглед на тоа што пратениците имаат имунитет.
Во контекст на процедурите кои се пропишани со Устав и со Деловникот за работа на Собранието, сметам дека има дилеми по однос на почитувањето или непочитувањето докрај на соодветната процедура апропо одредбите од член 64 од Уставот каде е стриктно прецизирано дека пратеник не може да се лиши од слобода без одобрение на Собранието. Оваа одредба потоа ја прецизира Деловникот во деловите од членот 53 до 59 во сите аспекти на спроведувањето на таа одлука на Обвинителството. Во тој контекст сметам дека не се докрај испочитувани процедурите,изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е во посета на Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст