| четврток, 6 декември 2018 |

Револтот расте, се блокираат сите крстосници во Скопје: Не смее патриоти да се изедначуваат со терористи (ГАЛЕРИЈА)

Револтот расте, освен крстосницата кај Мавровка се блокираат сите крстосници и кружни текови во градот. Граѓаните порачуваат дека не е дозволиво патриотите да се изедначуваат со терористи.

Истото го рече и претседателот Иванов во вечерашното вонредно обраќање пред народот.

Ја поддржував и ја подржувам иницијативата „За заедничка Македонија“. Учесниците во неа, граѓаните, сплотени ја демонстрираа идејата за заедништво и тие не смеат да бидат третирани како терористико здружение. Со реваншизам и со демонстрација на сила се генерира поларизација. Повикувам на разум и одговорност на надлежните институции кои мора да го почитуваат Уставот и законите. Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми – рече Иванов.

ФОТО: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top