Мора да се почитуваат човекови права, презумција на невиност и да се внимава на квалификација на кривилното дело, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во вонредното обраќање пред јавноста по денешното приведување на 36 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните од 27 април во Собранието.
– Ја поддржував и ја подржувам иницијативата „За заедничка Македонија“. Учесниците во неа, граѓаните, сплотени ја демонстрираа идејата за заедништво и тие не смеат да бидат третирани како терористико здружение. Со реваншизам и со демонстрација на сила се генерира поларизација. Повикувам на разум и одговорност на надлежните институции кои мора да го почитуваат Уставот и законите. Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми – рече Иванов.
Претседателот порача дека нема ништо потрагично од меѓумакедонскот судир.
– Секогаш кога сме биле поделени, други нè окупирале, однародувале и нè раселувале – рече Иванов.
Иванов повика институциите да го почитуваат Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст