| четврток, 6 декември 2018 |

Цуцуловски: Приведувањата се обид за дефокусирање од распродажбата на државните интереси

На експертите, како и на јавноста, нејасно им е како можат оперски пејачи и глумци да бидат обвинети за тероризам. Според универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, кој гостуваше во емисијата Алфаскоп, ова претставува обид за дефокусирање на јавноста во момент кога се распродаваат државните интереси, како промена на името, договорот со Бугарија и двојазичноста која се спроведува.

Неселективниот пристап нужно доведува до раздвојување на ткивото како на државата, така и на општеството. Тоа внесува не само немир и страв меѓу граѓаните туку и меѓусебна недоверба и на тој начин се руши општествената кохезија. Со рушењето на општествената кохезија полека и државата ќе почне да се ниша, макар што е веќе разнишана, вели Цуцуловски.

Ванковска: Зарем не е малку претерано да апсиш оперски пејач за тероризам, во држава која ни во 2001 година не зборуваше за тероризам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top