Полицијата упаднала во семејната куќа на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ Коста Мукоски околу 6.20 часот отрово, сведочи неговиот татко Милан Мукоски во изјава за Алфа, пренесува Република.
Чичко Милан вели во изјавата дека денот започнал вообичаено. Неговиот помлад син се подготвувал да замине за Скопје, кога во дворот се слушнале гласови. Милан излегол на терасата да види со кого зборува синот и дали му треба нешто пред да замине, кога во дворот видел униформиран полицаец.
-Веднаш се сетив што е работава, се облеков, по папучи, појдов пред врата, ги поздравив со „Добро утро, што е работава“. Еден од полицајците ми рече: „Господине, немојте да влегувате внатре. Што сте му вие на Крстета?“. Му реков јас сум му татко, а тој ми рече „Почекајте, да го прашам инспекторот“. Веројатно му рекол да не влегувам, по 5-6 минути излегоа двајца во цивилка, а надвор еден нонстоп со автоматска пушка шеташе горе – долу. Тројца беа пред врата и овие двајца… околу 5-6 души беа тука. Надвор на пат 3-4 коли имаше, веројатно со шофер и полиција, не знам не видов, зашто не ме пуштаа да појдам. И толку. Не ми дадоа амин ни што е ни како е.
Милан вели дека полицајците се задржале во домот околу 15 минути, а во меѓувреме не знае што се случувало во куќата.
–Снаа ми беше видно вознемирена, а за децата не знам дали се разбудија, не видов, не ме пуштаа внатре.
Сепак, таткото со свои очи сведочел како полицијата го одведува неговиот син-пратеник. Тој вели дена немал лисици на рацете.
–Појдов со нив десетина метри, толку ми дозволија. Лисици не, палто имаше преку рамо. Ми рече „Здраво“, му реков „Добро утро“ и го чукнав по рамото. Ништо друго не рековме, но беше вознемирен.
Таткото вели дека самата слика кога вооружени полицајци влегуваат во куќата е стравотна, како војна да се води.
Полицајците извршиле претрес во куќата, вели тој, му барале картичка, телефон. Полицајците рекле дека имаат судски налог, но тоа не е битно, туку дека мораат да го приведат Крсто.
–Нека се докаже ако е крив, но јас сметам дека не е. Не дека ми е син, па го бранам, ама знам – тој се бореше и се бори за идеалите – срцето му е ВМРО. Нема сила што може него да го преиначи, за идеали, за правдина. Е сега, овој систем што го наметнааод СДСМ… не знам.
Децата прашуваат каде е татко им, но засега од семјеството не сакаат да ги трауматизираат, па им кажуваат дека е заминат во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст