| четврток, 6 декември 2018 |

Турската полиција разби мрежа за трговија со мигранти

Турската полиција растури мрежа за илегална трговија со луѓе, која држела 57 пакистански мигранти врзани со синџири во подрум во Истанбул, при што ги тепале и малтретирале луѓето, јави весникот „Хуриет“.

Трговците со луѓе им ветиле на Пакистанците дека ќе ги префрлат до Италија или Грција, за што им наплатиле по 10.000 долари. Откако им ги собрале парите на Пакистанците, криумчарите ги затвориле и ги терале да контактираат со нивните семејства да испратат уште пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top