| четврток, 6 декември 2018 |

Шест малолетни разбојници „оперирале“ во ГТЦ

Скопската полиција ќе поднесе кривична пријава против шест малолетници пет на возраст од 15 и еден на возраст од 16 години од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела разбојништвo.Пријавените, информираа од МВР, извршиле две разбојништва во Скопје, во Градскиот трговски центар на 7 и на 24 ноември.

Тие им приоѓале на оштетените и со закана со физичка сила, од едниот оштетен одзеле два мобилни телефони, а од другиот 7.600 денари и картичка за градски превоз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top