| четврток, 6 декември 2018 |

МВР на СДСМ демонстрира сила – со полна воена опрема полицијата влегла во домот на Муковски

Полицијата на Оливер Спасовски утрово во 5 часот со голем број полицајци влегле во семејната куќа на пратеникот Крсте Муковски во Вевчани. Оливер Спасовски испратил пет полицајци во цивил и околу 15 полицајци со автоматски пушки, панцири и полна борбена опрема.

Семејството на Крсто Мукоски е видно потресено. Сопругата на пратеникот Мукоски, Катерина е растревожена, а нивните четири деца, 13-годишнит син и трите ќерки на возраст од 11, 9 и 3 години се разбудиле и исплашени плачеле за време на упадот на полицијата во домот на пратеникот Мукоски.

Збунети и исплашени се и неговите родители Милан и Ружица кои се повозрасни.

Жителите на Вевчани се револтирани од ваквата демонстрација на сила и односот кон семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top