| четврток, 6 декември 2018 |

Харадинај: Играта со границите е опасна за Балканот, кој и да си игра со нив

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај изрази надеж дека демаркацијата на границата со Црна Гора ќе биде решена и дека Косово конечно ќе добие визна либерализација.

-Разговарам со граѓаните на Косово секој ден, работам за нив 16 часа дневно“, кажа тој во интервју за Дојче веле.
Истакна и дека народот на Косово очекува Србија, на крајот на дијалогот на Белград и Приштина, да ја признае независноста на Косово. „За нас дијалогот само со тоа има смисла, кажа Харадинај.

На прашањето дали е можна поделба на Косово која отворено ја предложуваат и некои политичари од Србија, косовскиот премиер кажа:

-Играта со границите е опасна на Балканот, кој и да си игра со нив. Не верувам дека тоа се сериозни приказни и не би сакал некогаш да зборувам за тоа затоа што знаеме што следи ако си играме на тој начин, кажа косовскиот премиер и додаде:

-Ќе следат трагедии на кои сѐ уште се сеќаваме и не е паметно да се зборува за тоа. Многу е опасно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top