| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово: Дечиња од второ и трето одделение цел месец трпеле тортура во школскиот двор

Дечиња од второ и трето одделение цел месец биле малтретирани од осум малолетници, на возраст од 13, 14 и 15 години, а нивните родители го пријавиле случајот во тетовската полиција.

Учениците биле од Основното Училиште „Абдил Фрашери“ во село Боговиње, а насилниците секој ден околу еден месец ги малтретирале децата.

Полицијата информира дека ги носеле позади училиштето каде им ги земале парите и ги удирале задавајќи им видливи повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top