| четврток, 6 декември 2018 |

Разбојништво во фирма во Скопје

Во Полициската станица Гази Баба, Вчера околу 17.30 часот, З.И. од Скопје, пријавил дека во неговата фирма лоцирана на ул. „Лазар Поп Трајков“, две непознати лица извршиле разбојништво врз лице вработено во фирмата.

Како што соопштија од МВР, сторителите влегле во објектот и со закана со огнено оружје, ја врзале вработената. Едно од лицата ја чувало, а другото лице извршиле претурање и пребарување по канцелариите, по што заминале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top