| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на убиениот мафијаш Марко порача: Сине се колнам, ќе го најдам твојот убиец!

Зоран Маркуш по погребот најави дека ќе ја преземе правдата во свои раце доколку полицијата не го најде човекот кој му го изрешетал детето.

-Сине мој, кој тебе те уби, проклет да биде! Да ми е да знам само зопто тебе, чедо мое. Душа од човек бепе. Син каков секоја мајка би посакала. Леле, кутрата јас, лелекапше вчера Јермина, мајка на Марко Маркуш (29) од Нови Сад, додека неговиот татко Зоран на гробот му се заколна дека че го најде неговиот убиец.

Шурата на кошаркарот Дарко Миличиќ, Марко Маркуш кој беше убиен во петокот, вчера го погребаа на гробиштата во Нови Сад.

Враќање во деведесетите

МАРКО ГО СПОРЕДУВААТ СО КНЕЛЕ

На профилот Легенди на деведесетите Марко Маркуш го споредуваат со Александар Кнежевиќ.

-Јавноста со денови зборува за силното момче кое сакаше се и веднаш, насловните страни беа преполно со негови слики и снимки. Тој се шишаше многу кратко, носеше златни синџири, беше тетовира, а секогаш околу него имаше убави девојки, возеше најскапи автомобили и патуваше по светот. Она што е најважно, зад себе имаше и многу кривични дела, а силата неретко ја демонстрираше над другите, пишува во постот.

Авторот наведува дека краткиот живот на Маркуш бил исполнет со возбудувања по принципот „живеј брзо, умри млад“, а тоа најмногу посеќа на Кнеле.

На последното испраќање, покрај ожалостеното семејство, имало и неколку стотини роднини и пријатели кои дојдоа да му оддадат последен поздрав.

Сопругата Јелена од болка и тага не можела да оди. Малку – помалку, па паѓала на колена идејќи зад сандакот на сопругот Марко.

-Љубов моја, зошто ти го направија ова, зошто те убија. Каде е сега тој што се крие, што во очи не те погледна туку кукувачки те зеде, лелекаше таа.

По одржаното опело, во име на семејството на марко се прости еден од неговите пријатели.

-Прерано замина. Не напушти без поздрав. На сите ќе ни недостатигаш, а најмногу на твојот татко Зоран, мајката Јермина, сестрата Зорана, сопруга Јелена и на твојот син Угљеша. Ти ветуваме дека се ќе направиме Угљеша да не го почувствува твоето отсуство и загубата, рече меѓудругото пријателот.

Потоа непрегледната поврока тргна кон гробното место за Марко. На гробот, додека мајката, жената и сестрата паѓаа од болка, таткото Зоран, пензиониран полицаец, на глас рече:

-Сине, ти ветувам, ако службите кои тоа треба да го направат не го најде, ќе го најдам јас, ти се колнам!

Потоа, тамбурашкиот оркестар, кој Марко инаку го обожавал, отпеа неколку негови омилени песни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top