| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова запросена на меч во Турција, нејзиниот одговор ја воодушеви публиката (видео)

Руската тенисерка Марија Шарапова доби брачна понуда на ревијалниот меч во Истанбул.

Шарапова моментално е на турнеја во склоп на подготовките за наредната сезона, а во Истанбул играше против Чагла Бујукакчај.

Додека се подготвуваше да сервира, еден навивач од публиката викна „Марија, ќе се омажиш ли за мене?“ и ги насмеа сите присутни.

Шарапова ни за момент не беше збунета и одговори „можеби“, што дополнително ја анимираше публиката, погледнете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top