
Фото: Република
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов во полициска придружба пристигнаа во Кривичниот суд каде што ќе даваат исказ пред судија на претходна постапка.

Фото: Република
Адвокатот на пратеничката Жаклина Стефановска потврди дека таа е во моментот пред истражен судија.
Според првичните информации кои Република ги доби од одбраната, станува збор за класична злоупотреба на овластувањата и газење на законите.
При упадот во домот на пратеничката Жаклина Пешевска, полицијата прикажала две наредби издадени од двајца судии, за приведување и за претрес. Во наредбите кои ги покажала полицијата никаде не било наведено дека станува збор за пратеник од Собранието. Кога пратеничката се повикала на имунитет, полицијата премолчила и насилно ја спровела до возилото и потоа пред истражен судија.
Според собранискиот Деловник, пратениците имаат право да се повикаат на имунитет за време на давање исказ. Уставот, пак, вели дека пратеникот ужива имунитет и не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое што е предвидена казна затвор во траење на најмалку пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


